Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска во Загреб имаа средба со премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
– На средбата со г. Andrej Plenković побарав од Хрватска да го поддржи одблокирањето на европските интеграции на државата, посочувајќи дека покрај ветото од источниот сосед граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната Влада на чело со Зоран Заев која не може да испорача резултати, напиша Мицкоски.
Тој ја спореди Македонија со земјите од регионот и светот.
– Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите, заврши Мицкоски.
Во продолжение може да го видите видеото на Мицкоски од Загреб.