Македонија 19. ноември 2020. / 19:38

(ВИДЕО) Мицкоски: Кризна состојба е чекор назад во борбата против Ковид

(ВИДЕО) Мицкоски: Кризна состојба е чекор назад во борбата против Ковид

Можното воведување на кризна состојба го искоментира и Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, кризната состојба е чекор назад во борбата против пандемијата, но и нелогично е да се одржат избори во Штип и Пласница. Затоа Мицкоски вели дека стои на ставот да нема избори.

Во видеото кое го објави Христијан Мицкоски на сопствениот Фејсбук профил се гледа како Пендаровски и Заев во 8 месеци имаат различен став околу воведувањето кризна состојба.

Според Мицкоски народот живее во хаос заради неспособноста на оваа власт.

– Црвените телефони за цензура нема да ја на прават сликата поубава, затоа што народот го живее хаосот предизвикан од неспособноста на Заев, Пендаровски и целата власт.
И ве уверувам дека и кризната состојба нема да биде искористена за вистинска борба против Ковидот, туку за замајување на јавноста дека работат нешто, додека пандемијата ќе продолжи да одзема животи поради неспособност, читајќи ги сите оние сведоштва за личните трагедии на луѓето кои ги губат своите најблиски, напиша Мицкоски.

Исто така тој посочени дека е нелогично да се одржат избори во Штип и Пласница, па затоа сѐ уште стои на ставот дека не се потребни избори во услови на пандемија.

Во продолжение е целиот статус на Христијан Мицкоски каде е прикачено и видео околу ставот за кризна состојба на Заев и Пендаровски низ месеците.