Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави видео од првиот состанок во Новата година во неговиот кабинет со, како што вели, луѓето кои ќе имаат одговорна задача во Техничката влада.
– Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува, напиша Мицкоски под објавата на видеото.
Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова. Нека е среќна и бериќетна!, дополни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.