Македонија 02. декември 2018. / 14:49

(ВИДЕО) Кузмановска: Со менувањето на Уставот се брише цела историја на Македонија

(ВИДЕО) Кузмановска: Со менувањето на Уставот се брише цела историја на Македонија

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Лилјана Кузмановска. Таа истакна дека со менување на Уставот државата ќе доживее измени во целокупната своја историја и дека Република Македонија каква што ја знаеме нема да постои туку дека се создава нова држава.

– Се што произлегло од АСНОМ почнувајќи од „Крушевскиот Манифест“ па понатаму се брише и со тоа всушност тој произведен правен акт со кој се создала државата се отстранува и на тие одлуки што кажав претходно се темели нашата држава и самата држава и нејзиното постоење за жал се укинува. – кажа Кузмановска.

Пратеничката истакна дека е и дилема зошто мора да се вметне и Охридскиот договор во Уставот кога и претходно Премиерот самиот кажувал дека нема потреба додатно да се отвора пандорината кутија.