Македонија 12. октомври 2019. / 22:36

(ВИДЕО) Клајн од германскиот Бундестаг: Мицкоски донесе правилни одлуки

(ВИДЕО) Клајн од германскиот Бундестаг: Мицкоски донесе правилни одлуки

Односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринските партии во ЕПП се исклучително добри, рече во интервју за „Сител“ Волкмар Клајн, пратеник во германскиот Бундестаг, кој денеска оствари средба со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

-Работите кои се важни за мене за вашата држава, истите точки како приоритет ги зема и ВМРО-ДПМНЕ и ги смета за важни за подобрување на состојбата во вашата држава. Тие сакаат да створат подобри економски и политички услови за подобра економска ситуација на државата, една правна сигурност во правосудството, работни места итн. Затоа сметам дека е добро што ЦДУ и ВМРО-ДПМНЕ имаат една многу тесна соработка во овој момент, рече Клајн.