Македонија 07. March 2019. / 15:45

(ВИДЕО) Кирацовски: МВР ќе ги фати странските служби кои го следат Пендаровски

(ВИДЕО) Кирацовски: МВР ќе ги фати странските служби кои го следат Пендаровски

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски кажа дека МВР ќе ги фати странските служби кои го следат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Според Кирацовски штом Пендаровски кажува дека одредени служби од опозицијата го следат, тоа значело дека истите и постојат. Како што кажа тој МВР веќе презеде иницијатива за откривање на истите.

– Видете, штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции, алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата, евидентно е дека истите постојат. Тука министерството за внатершни работи веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и нормално истите да бидат изведени пред лицето на правдата. – изјави Кирацовски.