Јован Јаулески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа на седницата на Парламентот му реплицираше на пратеникот Арбр Адеми за состојбите во образованието.
Ако сакаш да уништиш една нација, тоа најлесно може да се направи преку образованието, а токму СДСМ и оваа коалиција е одличен пример за тоа. Последниве 3 години со оваа старо – нова коалиција упорно го бушиме дното, а според досегашното искуство, така и ќе продолжи во иднина.
Тоа е докажано и преку последното рангирање на универзитетот ,,Св. Кирил и Методи” кој се наоѓа на 1917 место, од вкупно 2000 рангирани универзитети во светот, истакна Јаулески.
Споменуваат и закони, па да потсетам, рече Јаулески, законот за високо образование остана само празно слово на хартија. Тој е менуван дури 27 пати и повторно без суштинска дебата и повторно истиот е нефункционален.
Повеќе од 600 денови немаа функционален одбор за акредитација и евалуација, немаа оформено агенција за квалитет на образованието, висококвалификуваниот кадар во Македонија од престижниот ,,The Economist” е ставен на 8мо место во светот по одлив на мозоци.
За каква успешност можеме да разговораме кога на 2 дена од почетокот на учебната година, се нема ниту концепт ниту визија за тоа како и кога ќе се почне!?
И ако ова е одличен резултат за СДСМ, тогаш, секоја чест!, подвлече Јаулески.