Македонија 11. март 2021. / 22:58

(ВИДЕО) Јаулески: Од нас се бара да легализираме задолжување со кое ќе го покоси образованието

(ВИДЕО) Јаулески: Од нас се бара да легализираме задолжување со кое ќе го покоси образованието

Три седници по ред зборуваме само за задолжување, а еве и денес од нас се бара да легализираме уште едно од 21,5 милиони евра💶 кое овојпат ќе го покоси образованието и ќе е на штета на идните генерации, изјави Јован Јаулески од ВМРО ДПМНЕ.

💰Заемот од Меѓународната банка за обнова и развој по Договорот за заем и финансирање на проектот за унапредување на основното образование за овој закон содржи низа пропусти:
➡️ во прилог на овој Закон не е приложена анализа за моменталната состојба на образованието од аспект на инфраструктура и опременост со наставни средства и финансиски план за што ќе бидат потрошени средствата
➡️ како и кои училишта ќе бидат опфатени и временската разлика за реализација на активностите
⁉️ Се поставува и прашањето што точно се планира со овие средства ако се земе фактот дека во Законот е наведено дека за споделување на описни статистички податоци за секое училиште и спроведување на консултации е предвидено 340.000 евра?
➡️ Се предвидува и набавка на софтвер. Што се случи со средствата за националната платформа за учење од далечина⁉️
➡️ Се споменува операционализирање на стандардите за основните стручни компетенции на наставниците во основните и средните училишта. Законот се однесува само на основното образование илисепак и за средните училишта⁉️
👉 Овој заем до некаде ќе беше оправдан само ако донесувањето на новиот концепт се донесеше на очиглед на целата македонска јавност, доколку беа инкорпорирани препораките на експертите и сите релевантни институции. Но спротивно на тоа и пред целата македонска јавност, оваа концепција се турка на сила спротивно на размислувањата на врвни експерти и спротивно и спротивно на потребите и реалноста.
👉 Фактот дека токму експертската јавност упатува на сериозни недоследности во предложената реформа, тоа што не се прифатени забелешките кои ги изнесоа експертите токму во оваа сала кога траеше јавната дебата на Комисијата за образование и спорт, е доволна причина за овој предлог закон да не помине.
☑️ Реформи во образованието се потребни, но не политички.
▪️Зошто велам политички?
➖ Затоа што историјата како предмет не е инкорпорирана како посебен, туку е споена со друг. И сето ова се случува токму кога Бугарија ни ги оспорува јазикот, историјата и идентитетот а бугарските политичари сонуваат за некои си големи територии во кои што е инкорпорирана територијата на целата Република Македонија и наместо да им се спротивставите нив – вие ја бришете историјата и ја интегрирате со другите предмети во општествени науки. Ајде да речеме, да поверуваме во наводници дека е случајно поклопено ова, не можевте ли по бурните реакции на МАНУ, Институтот за историја, друштвото на историчари и други релевантни за овие теми, да ја повлечете ваквата одлука? Историјата е наука за животот, столб на државата и ако се уште се држите до оваа срамна одлука – само ги потврдувате сомннежите дека учествувате во барањата на соседите за уништување на Македонија.🇲🇰
⚠️ Насилното туркање на ваква штетна концепција најмногу ќе биде на штета на нашите деца и образовниот кадар. Трошењето народни пари, задолжување на државата со цел да ја протукрате оваа таканаречена реформа е во најмала рака срамно. Ги потценувате експертите, ги потценувате граѓаните, носите закони, задолжувања на грбот на младите.
☑️Младите заслужуваат квалитетно образование, со суштински реформи, усогласена стратегија и план со кој ќе се подобри образованието.
👎 Водите дневна политика, единствено што правите е тоа што ја носите државата во дупка, огромни задолжувања, нула проекти.
❗Затоа е време да се прекине со ова, економијата тоне, младите се иселуваат а вие за нивните барања немате никаков слух.
👉 Јас едно вакво законско решение нема да го поддржам, ќе гласам Закон што ќе содржи вистински суштински реформи и стратегија за развој на основното образование, а не вакво по нарачка. Престанете со скапиот ПР и започнете вистински да работите ако сакате нашите деца да останат да живеат и да се развиваат во Република Македонија, вели Јаулески.

 

Posted by Јован Јаулески on Thursday, March 11, 2021