Носителот на листа во изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев беше во посета на штандот на СДСМ во Крива Паланка, родниот град на неговиот противкандидат од СДСМ, Љупчо Николовски.
Затоа што никако не можев да се сретнам со мојот противкандидат Љупчо Николовски во текот на целата кампања, го посетив штандот на СДСМ во неговата родна Крива Паланка. Ја оставив нашата програма на нивните активнисти за да му ја дадат на Николовски да прочита пред сѐ како изгледа сериозна програма за #обнова, која ќе ја реализираме после 15 јули – порача Јанушев.