Денешен гостин на утринскиот подкаст „Утро со Златев“ гостин е режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи. Тој зборуваше на повеќе теми, но интересно мислење имаше на темата околу нашиот систем кој според него има голема грешка.
– Наместо универзитетот да произведува образовани луѓе кои ќе се бават со образование и наука, ние имаме државен универзитет кој произведува послушници, вели Бојаџи на гостувањето во Радио Лидер.
Тој додаде дека ние имаме систем на владеење на потпросечно мислење. Имаме луѓе кои имаат просечни и потпросечни компетенции како дел од ситемот, заклучи Бојаџи.