Македонија 27. јуни 2019. / 12:48

(ВИДЕО) Интервју на „Лидер“ со Андреј Ковачев: Никој не сака да ви го земе Гоце Делчев

(ВИДЕО) Интервју на „Лидер“ со Андреј Ковачев: Никој не сака да ви го земе Гоце Делчев

Андреј Ковачев е еден од највлијателните политичари во соседна Бугарија. Тој е пратеник на владејачката ГЕРБ во Европскиот Парламент и во исто време е потпретседател на Европската Народна Партија (ЕПП).

Со Ковачев разговаравме на актуелните теми поврзани со комисијата за историја помеѓу двете земји, актуелната економска соработка помеѓу Македонија и Бугарија, како и европските перспективи на нашата земја.

Ковачев вели дека на Македонија никој не сака да и го одземе Гоце Делчев од историјата, затоа што, како што вели, Делчев е дел од историјата и на Македонија и на Бугарија.

И покрај бројните несогласувања околу историските прашања, за поздравување е тоа што господинот Ковачев во интервјуто постојано нашата земја ја нарекуваше „Македонија”.

Погледнете го целото интервју: