Инцидент имаше денеска во грчкиот Парламент, при средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров со Никос Вуцис, кога портпаролот на Златна Зора, Илиас Касидиарис, е спречен да влезе во канцеларијата, пренесе Фактор.
– Македонија е грчка. – викал тој додавајќи дека и скопјанецот требало да чуе.
Снимката лично тој ја постави на Јутјуб.
Пред почетокот на состанокот во обраќање до медиумите, Вуцис и Димитров говореа за важноста на Договорот од Преспа, како за двете земји, така и за двата народи. Договорот од Преспа го отвори патот кон пријателството, сојузништвото и сработката.
– Горд сум што имав улога во историското помирување. – кажа Димитров.
Тој е во дводневна работна посета на Атина.