Ветингот кој ДУИ го предлага нема врска со метлата на премиерот Зоран Заев. Ова денеска го кажа пратеникот од ДУИ Артан Груби, според кој партијата планира двоен ветинг.
Централното претседателство одлучило дека нема да се станува автоматски член на ДУИ со пријава за членство, туку ќе се прават проверки. Ако е нешто спорно, личноста ќе се одбие.
ДУИ ќе формира и регулаторно тело како она за Лустрација, кое ќе ги проверува сите кои вршат јавна функција.