Македонија 23. мај 2019. / 17:13

(ВИДЕО) Градоначалникот на Охрид, Георгиески нареди да се откорнат 250 палми

(ВИДЕО) Градоначалникот на Охрид, Георгиески нареди да се откорнат 250 палми

Во Охрид денес започна отстранувањето на сите палми кои беа засадени на различни локации покрај Охридското езеро. Во Охрид беа посадени 250 палми,пишува Курир.

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денеска издаде работен налог до ЈП „Охридски Комуналец” за отстранување на палмите од потегот на кејот Македонија и на потегот од каналот Студенчишта до поранешен хотел Парк, се вели во соопштението од општината.