Македонија 18. февруари 2021. / 13:01

(ВИДЕО) Ѓорчев: Заев и Филипче се одговорни за 3.000 изгубени човечки животи од Ковид-19

(ВИДЕО) Ѓорчев: Заев и Филипче се одговорни за 3.000 изгубени човечки животи од Ковид-19

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Македонија е најлоша на Балканот, во Европа, и во светот кога станува збор за починати од Ковид-19 пандемијата.

– Се случува најголемото умирање во историјата на независна Македонија. За жал со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија ја надмина бројката официјално од 3.000 мртви. Тоа не се само бројки, туку се човечки судбини. Ова е фијаско на државните институции, ова е катастрофа и дебакл. Одговорни се Зоран Заев, Венко Филипче и целата влада, истакна Влатко Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него не е нормално во Македонија да има десетина мртви и 3.000 починати од Ковид-19.

– Тоа е хуманитарна катастрофа, тоа е човечка катастрофа, тоа е трагедија која што ни се случува пред очи. Но истовремено тоа има и одговорност. Одговорноста се вика Зоран Заев и Венко Филипче, порача Ѓорчев.