Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во гостување на ТВ 21, кажа дека најверојатно МВР е вмешана во бегството на поранешниот пермиер Никола Груевски. Исто така Ѓорчев констатира дека власта бега од секакво соочување на ТВ дуели.
-Во врска со тоа бегство има две варијанти. Или се работи за неспособност на МВР предводена од Оливер Спасовски, а со доверба од Зоран Заев, или се работи за договор со власта на Заев, кој што е во моментов е главен трговец со правдата во Република Македонија. Или треба да има одговорност, а тоа би значело оставка на Спасовски и структурите во МВР, или се работи за политички договор и тоа граѓаните во Република Македонија треба да го знаат. Огромното мнозинство од граѓанте, а особено поддржувачите на Заев и СДСМ сметаат дека станува збор за политички договор – изјави Ѓорчев во интервју за ТВ21.
Пратеникот нагласи дека никој од Власта не сакал да дојде на оваа дебата.
– Вчера НИКОЈ од министрите на СДСМ не сакаше да дојде на дебата на ТВ 21.
Заев и неговите министри веќе РЕДОВНО бегаат од ТВ дуели затоа што се плашат од ТВ соочувања.
ПОБЕДУВАМЕ и ќе победиме! – напиша Ѓорчев на Фејсбук.