Македонија 14. декември 2020. / 21:40

(ВИДЕО) Ѓорчев за Радио Лидер: Македонија ги живее најтемните моменти од своето постоење

(ВИДЕО) Ѓорчев за Радио Лидер: Македонија ги живее најтемните моменти од своето постоење

Македонија во моментов ги живее најтемните моменти од своето постоење, оти нема човек во Македонија кој може да замисли да дојде на тоа дереџе да Македонија да има премиер како Зоран Заев, кој ги погази сите црвени линии, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО  ДПМНЕ во емисијата Филибастер на Радио Лидер.

Работата на Комисијата не е транспарентна, македонската јавност не знае што преговараат, но во таа комисија има луѓе на кој што не им е сеедно, како на Зоран Заев. Мислам дека таму има доблесни луѓе, но тоа што ме загрижува е именувањето на Бучковски како бај пас варијанта. Тоа е политично решение,а кога станува сбор за Зоран Заев се е биснис интерес. Тоа на секого му е јасно во Македонија. Решението на Бучкоски има за цел , тој да биде политичкиот панцир за Зоран Заев и да ја бајпасира комисијата, изјави Ѓорчев

Во однос на економијата Ѓорчев вели дека во моментов Македонија има најголем долг во историјата . Народот ќе го плаќа тоа, преку даноци, обврзини и казни

Ова што се прави со задолжувањето ќе биде жестоко платено. Тоа се огромно ужасни пари. Секое семејство е задолжено со 4 илјади евра и секој ден течат камати. 1000 евра по човек, по вработен секој треба да работи во висина по 3000 евра , за сите задолжувања, а ништо не е изградено и направено. Тоа задолжување секојдневно расте, изјави Ѓорчев.

Во однос на здравството , Ѓорчев изјави дека  состојбата е катастрофална и плаќаме со човечки животи.

Утре 20 или 30 семејства ќе одат на погреб. Нема дилема дека ќе немаше жртвии, но ние убедливо сме најлоши . Во земјите од регионот има 70% помала смртност за разлика од Македонија. Ако имавме подобра влада, како Албанија и Косово на пример, ние немаше да имаме над 2000 погреби. Заради фијаското на Венко Филипче и Зоран Заев . Да се случеше ова во време на ВМРО ДПМНЕ, ќе гореше Македонија. Ќе бевме обесени на Плоштад,. Ни во војна сме немале толку. Вакво фијаско немало во историјата на Македонија, изјави Ѓорчев .

Станавме едно неорганизирано општество и чекаме милост, не така оддамна ние отваравме спорти сали, фабрики, аеродром, сега имаме само полиња со марихуана на фамилија Заеви. Владата на ВМРО ДПМНЕ набави околу 150 болнички возила, а Зоран Заев набави само едно поволно. И сега ние молиме и просиме за помош. Но имаме или немаме ние држава , кажа Ѓорчев.

На што се троши Буџетот од 4 милијарди евра, а ние кога имаме 3 милијарди они се палеа во Собрание. Зајакот лежи во корупцијата, арамилакот и недомаќинското работење. Имаат потрошени 15 милијарди евра и ништо немаат направено. Ова граѓаните на Македонија треба силно да го запамтат за идните гласања, потенцира тој.

По сите индикатори сме најлоши , Никогаш сме немале поголема рецесија и Грција кога ни ја затвори границата и 2001 кога имавме војна во Македонија, ниту во најголемата економска криза, изјави Влатко Ѓорчев.

Ама ние тогаш го имамвме министер за финасии Зоран Ставрески и пред него Трајко Славески.  Сега кога ги ставија Мила Царовска од невладин сектор и Нина Ангеловска која не знае да состави буџет. Заедно двете имаат искуство од пет месеци . Затоа бевме тогаш на петто место во Европа и десетто место во светот на Дуинг бизнис. И ние сме се полоши и полоши и затоа некои ја ставаат Македонија во групата хибриден режим и делумно слободна земја. 

Заевистан е хибриден режим, каде најмногу се краде и се шверцува марихуаана.  Облачно е темно е . Нема да кренеме раце.  Тоа ќе биде  причина за мотив и нова епизода каде ќе изгрее ново сонце на слободата, кажа Ѓорчев.