„Референдумот ќе биде успешен, иако прашањето за името на вашата држава е поврзано со вашата култура, идентитетот и историјата. Но, сепак имате историска можност да одлучите за вашата иднина. Се надевам дека во оваа можност, граѓаните ќе учествуваат активно.“, рече Лаин.
Македонската министерка за одбрана, пак, Шекеринска, рече дека екипите кои се задолжени за пристапувањето на Македонија во НАТО, постојано работат и дека не очекува дополнително неочекувано барање од Алијансата. Шекеринска, додава дека Германија е пријател на Македонија уште од признавањето на нејзината независност во 1993 година.
„Тоа германско лидерство го препознаваме и денес, кога добиваме сериозна и искрена поддршка во време кога македонските граѓани одлучуваат за својата земја и за својата иднина. Тоа лидерство го видовме и на минатиот НАТО самит, во вашата поддршка Македонија да ја добие долгоочекуваната покана за членство во НАТО“, истакна Шекеринска
Германското Министерство за одбрана, континуирано ѝ помогна на македонската одбрана со обука на околу 200 војници и друг кадар на АРМ, како и со техничко-воена опрема. Лаин, е четвртиот министер во владата во Берлин што ја посетува Македонија за прилично краток период, а во пред две недели престојуваше и канцеларката Ангела Меркел. Зачестените посети од германски високи претставници, Лаен вели дека се израз на пријателство меѓу двете земји.