Македонија 03. мај 2020. / 17:15

(ВИДЕО) Филипче: Воспоставен е системот на модуларната болница до Инфективната клиника

(ВИДЕО) Филипче: Воспоставен е системот на модуларната болница до Инфективната клиника

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил истакна дека е поставен системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. За најкраток временски рок, како што појасни, дуплирани се капациентите на установата.

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата. Со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада набавивме и поставивме „монтажни модули”, каде се сместени простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци, вели Филипче.

Mинистерот појасни дека целата оваа структура е поврзана со „топла врска” со зградата на Инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе се доопреми и со потребната немедицинска опрема.

Ја амортизираме евентуалната оптеретеност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од коронавирус, пишува министерот Филипче на „Фејсбук“.

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата. Со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада набавивме и поставивме „монтажни модули“, каде се сместени простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци. Целата оваа структура ја поврзавме со „топла врска“ со зградата на инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе ја доопремиме и со потребната немедицинска опрема. Ја амортизираме евентуалната оптеретеност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од коронавирус.

Gepostet von Венко Филипче am Sonntag, 3. Mai 2020