Министерот за здравство Венко Филипче порача дека идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори и дека Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготвиле сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.
Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат – потенцира Филипче.