Македонија 28. мај 2019. / 20:26

(ВИДЕО) Џафери упорен: Не добив карта на Голема Албанија

(ВИДЕО) Џафери упорен: Не добив карта на Голема Албанија

Иако убаво се гледа дека претседателот на Собранието Талат Џафери од еден косовски граѓанин во емисијата „Којшија шоу“, добива подарок карта на Голема Албанија, тој го тврди спротивното.

Џафери вели дека е изненаден поради негативните коментари, пренесе 21ТВ.

Тој тврди дека станува збор за обичен подарок, а не како што тврдат порталите – карта од етничка Албанија.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери беше гостин во емисијата „Којшија шоу“ РТВ21, а 80 годишниот, Азиз Морина го изненади со подарок – слика од картата на Етничка Албанија, или како што ја толкуваат другите народи – карта на „Голема Албанија.