Македонија 27. јуни 2020. / 23:16

(ВИДЕО) Дурловски во Требеништа на јарбол го крена сонцето од Кутлеш

(ВИДЕО) Дурловски во Требеништа на јарбол го крена сонцето од Кутлеш

Носителот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, во Изборната единица 5, Игор Дурловски, на јарболот во Требеништа во Дебарца, го подигна знамето со ѕвездата од Кутлеш.

Дурловски истакна дека му било голема чест да го подигне знамето и овој миг го збогати со стихови од големиот македонски поет, Петре М. Андреевски.

„Денес ја имав честа да бидам на поставувањето на јарбол во Требеништа – Дебарца и да ја подигнам ѕвездата од Кутлеш.

‘Нашето знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој се грееме’
П.М. Андреевски“ – објави Дурловски.