Македонија 12. февруари 2021. / 10:33

(ВИДЕО) Димитровски: Сите мислат дека мракот во новинарството бил во времето на Груевски, но во деведесетите години исто така имаше мрак

(ВИДЕО) Димитровски: Сите мислат дека мракот во новинарството бил во времето на Груевски, но во деведесетите години исто така имаше мрак

Денешен гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше заменик-министерот за локална самоуправа, новинар и член на Демократски Сојуз, Зоран Димитровски. Со него се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, за правата на новинарите, за договорот на Владата со Бугарија и слични теми.

На прашање на новинарот Златев околу медиумите во Македонија и неговата цензура, тој го одговори следново:

– Јас верувам дека Зоран Заев и високата политика немале никакво влијание на мојата цензура во „Фокус“. Вие имате газди на медиуми, директори, сопственици кои многу повеќе кои сакаат да и се додворуваат на политиката, затоа што очекуваат одредени бенефиции и очигледно ги добиваат. Или пак имате одредени полтрони во политиката кои сакаат да се докажат – тие го прават цензурирањето и ја таа грда слика, вели Димитровски за Радио Лидер.

Тој додава дека бил главен уредник на три централни македонски главни весници и знае што се случувало. Исто така тој прави ретроспектива какво било новинарството во време на Груевски и во време на деведестите години.

– Во деведеситите години ние навистина имавме мрак во новинарството. Сите мислат дека мракот на новинарството бил во времето на Груевски. Во деведесетите години исто така имаше мрак, потенцира Димитровски.

Тој вели дека немало портали во деведесетите и немало критички настроени новинари. Како пример го наведува „Дневник“, но вели дека тој се појавил дури во 96-та година.