Македонија 27. јуни 2020. / 10:45

(ВИДЕО) Димитров: Следната битка на чесните против нечесните е најважната битка за нашата иднина

(ВИДЕО) Димитров: Следната битка на чесните против нечесните е најважната битка за нашата иднина

Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров, вчера вечер на граѓанската трибина во општината Аеродром зборуваше и за правдата која коалицијата „Можеме“ ќе ја спроведува во својот мандат.

„Правда не е да ги казниме само едните, како што тоа го прават ДПМНЕ. Правда е како да се однесуваме и кон самите себе. Следната битка на чесните против нечесните, која што е почната, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца, независно од каде доаѓаат нечесните“, рече Димитров.

Дали може, додаде тој, да ја замислите дрскоста да излезете пред народот да се кандидирате за пратеник, а да не може да ве најде дома поштар да ви даде покана за суд? Со кој образ ги изговарате буквите „правда“?

15 јули е нашата шанса да ставиме конечна точка на таа лоша оставштина за конечно да завршиме со таа криза на неодговорност што почна 2015, 2016 година“, рече Димитров од трибината во Аеродром.