Македонија 23. ноември 2018. / 21:39

(Видео) Димитров на министерскиот состанок во Солун: Создаваме блиски односи и пријателства

(Видео) Димитров на министерскиот состанок во Солун: Создаваме блиски односи и пријателства

Создаваме политички услови за блиски односи и пријателство. Сакаме тоа да го видат економијата и бизнисите, за да има конкретна корист за нашите граѓани, изјави министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, за време на министерскиот состанок во Солун.

-Ние сме сега во фаза во којао се обидуваме да направиме еден благороден круг. Создаваме политички услови за блиски односи и пријателство. Сакаме тоа да го видат економијата и бизнисите, за да има конкретна корист за нашите граѓани, а тоа повторно ќе ни помогне да имаме и поблиски политички однос. Еден таков убав позитивен политички круг, во време кога и ЕУ има многу проблеми- изјави Димитров.

Сè уште не знаеме до крај што точно ќе се случи со брегзит и немаме многу време, доста време изгубивме, вели министерот и додаде дека е време да си ги фатиме работите во свои раце и да тргнеме напред.