Македонија 06. мај 2020. / 22:42

(ВИДЕО) Борисов: Македонија да не си поставува невозможни услови, ги поддржуваме но држиме до историјата

(ВИДЕО) Борисов: Македонија да не си поставува невозможни услови, ги поддржуваме но држиме до историјата

По денешниот видеоконференциски самит „ЕУ – Западен Балкан“ бугарскиот премиер Бојко Борисов кажа дека колку што цврсто ја поддржува Република С. Македонија, толку цврсто стои на ставот дека нема отстапување од Договорот за добрососедство.

-Ние кажавме какви се нашите услови за да бидат примени во ЕУ. Тоа не е по желба. Ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани. Ние први ги поддржавме за НАТО, за што не ги поддржавме?! Како да излеземе и што да кажеме – дека сме Македонци конечно? Тоа ли да кажеме? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет да не си поставуваат самите невозможни услови. Да, ние цврсто ги поддржуваме, но исто толку цврсто држиме до историјата и многу јасно тоа сме го запишале во Договорот“, изјавил Борисов.

Затоа, неговата, како што вели, најпријателска порака е Македонија да остане на патот.

Борисов потврдил дека го поддржува ветувањето на ЕУ кон Западен Балкан за соработка и помош, но додал дека слушнал недозволливи изјави.

-Особено ме заболе тоа дека Бугарија била ‘фашистичка држава‘ и не ги спасила Македонците, туку само бугарските Евреи. Тоа е подигрување со бугарскиот подвиг, со бугарскиот народ и со бугарската црква“, кажал Борисов.