Македонија 13. октомври 2018. / 15:46

(Видео) Богоевски: Уставните промени се пред нас, пратениците се должни да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО

(Видео) Богоевски: Уставните промени се пред нас, пратениците се должни да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО

Со тоа што Собранието преку Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани со тоа отворен е патот, на пленарна седница пратениците да донесат сопствена одлука за ова историско, важно прашање. Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава, изјави пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски.

,,Ние во минатото сме имале најразлични мислења и полемики, сме имале различни дебати и расправи, но секогаш сме имале обединет и заеднички став по ова важно, значајно и историско прашање. Сега е приликата тоа да го покажеме на дело и заедно да го обезбедиме патот кон ЕУ и НАТО.

Волјата на мнозинството е кристално јасна. Повеќе од 90 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот и ја дадоа својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. А со уставните амандмани се потврди дека не се губи ништо. Напротив, се утврдува идентитетот и се обезбедува негова гаранција, сега и во иднина.Се утврдува и неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, и да ги поддржат уставните амандмани на оваа пленарна седница во Собранието”, додаде Богоевски.