Македонија 23. мај 2019. / 12:48

(ВИДЕО) Богоевски поднесе оставка: Гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мојот последен глас

(ВИДЕО) Богоевски поднесе оставка: Гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мојот последен глас

Пратеникот Павле Богоевски на седницата за одземање на мандатот на поранешниот премиер, сега пратеник Никола Груевски, најави оставка.

Богоевски рече дека неговиот глас за одземање на мандатот на Груевски ќе биде негов последен.

– Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. – рече Богоевски.

Тој кажа дека неговата одлука следи по скандалот, каде што е фатен како нарачува дрога во такси.

– Оваа одлука ја донесов вендаш по скандалот, во моментите кога се самопријавував во полиција. Фактот на денот е дека без разлика на причините за набавката на маслото од канабис за мое блиско лице и на никој од вас не им ги посакувам тие причини, јас сум сторил незаконски акт. – истакна Богоевски и како друга причина наведе дека неговата функција не сака да влијае врз постапката која се води против него.

Инаку неодамна беше објавено аудио снимка на која се слуша како пратеникот нарачува дрога. Јавноста смета дека станува збор за кокаин, но тој тврди дека е масло од канабис. Од него оставка побара целата јавност, меѓу кои и негови поранешни поддржувачи од шарената револуција.

Неговата оставка ја најавува кон крајот на 9-та минута: