Во денешната емисија „Утро со Златев“ гостуваше поранешниот портпарол Александар Бичиклиски. Со него се зборуваше за актуелната политичка ситуација во Македонија, за внатрепартиските односи во ВМРО-ДПМНЕ, за историското ВМРО и почетоците на оваа партија.
На оваа емисија Бичиклиски зборуваше и за првите чекори на Стево Пендаровски во политиката.
– Стево Пендаровски е кадар на ВМРО-ДПМНЕ односно персонален кадар на Доста Димовска, вели Бичиклиски за Радио Лидер.
Тој објаснува дека Пендаровски е донесен од Доста Димовска во ВМРО-ДПМНЕ и вели дека е „интересно“ како останал во кабинетот на Црвенковски и зошто баш Стево Пендаровски не се качи во авионот за Мостар.
Бичиклиски додава дека во Македонија има многу фамилии кои се поделени по партија, а како пример ја посочува поранешната министерка за правда Рената Дескоска.