Во денешната емисија „Утро со Златев“ гостуваше поранешниот портпарол Александар Бичиклиски. Со него се зборуваше за актуелната политичка ситуација во Македонија, за внатрепартиските односи во ВМРО-ДПМНЕ, за историското ВМРО и почетоците на оваа партија.
– Кој и да влезе на Балканот во затвор излегува секогаш помоќен и појак, вели Бичиклиски.
Тој следствено на ова се надоврзува околу поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
– Никола Груевски го направи најпаметниот потег што отиде во Будимпешта со причина ако влезеше во некој од македонските затвори за брзо време ќе беше ликвидиран, вели Бичиклиски за Радио Лидер.
Тој додава дека целта била Никола Груевски да биде ликвидирам и вели дека тој затоа го оправдвува Груевски што отиде во Будимпешта.