Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски утрово гостуваше во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер при што говореше на повеќе теми за актуелната политичка ситуација, а една од нив беше вакцинацијата во Македонија и скандалозната изјава на Радмила Шекеринска од пред неколку денови.
– Жалосно е да коментираме политичар како Шекеринска која 20 година е во политиката, а нема оставено ниту едно дело зад себе позитивно за Република Македонија, започна Арсовски дебатирајќи на темата вакцинација и изјавата на нашата Министерка за одбрана.
Тој додава дека со оваа изјава таа ги потценува граѓаните и кажува дека всушност не се експериментални глувци оние кои се вакцинирале, туку тоа сме ние кои сѐ уште чекаме вакцини.
– Изјавата која ја слушнавме беше крајно потценувачка за граѓаните. Мене ми е жал што Шекеринска смета дека граѓаните на Израел, Србија и Малта се експериментални глувци. Тука единствени експериментални глувци сме ние, односно сите граѓани на Република Македонија, вели Арсовски во гостување на Радио Лидер.