Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше универзитетскиот професор Александар Нацев. Со него се дискустираше на повеќе теми, а една од нив беше и локалните избори кои следуваат. На ова интервју беше изнесена и екслклузивната информација дека тој ќе биде потенцијален кандидат за градоначалник на општина Пробиштип.
Тој пред се призна дека локалните избори кои следуваат ќе бидат тешки.
– ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да ги гради своите позиции пред локалните избори, вели Нацев.
Тој вели дека по лична карта е од Пробиштип и изнесе ексклузивна информација дека ќе биде кандидат за градоначалник на следните локални избори од неговата партија.
– Јас сум еден од предложените кандидати за Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како моја матична партија. Сега следат анкети и испитување на јавното мислење, за неколку месеци ќе знаеме дали ќе бидам тој што ќе ја води битката за Пробиштип и за добивање градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Нацев за Радио Лидер.
Во продолжение може да го видите и видеото кога тој ја соопшти оваа информација.