Македонија 22. септември 2020. / 11:30

(ВИДЕО) 360 степени: Што стои позади новиот ДУП за ШИК Јелак во Тетово

(ВИДЕО) 360 степени: Што стои позади новиот ДУП за ШИК Јелак во Тетово

На последниот попис пред речиси 20 години, Тетово имало 52 илјади жители. Сега, со само еден ДУП, се прави место за уште 8 илјади луѓе или 1/6 плус на попишаните, објавува 360 степени во својата истражувачка сторија.

Екологистите алармираат дека дотраената градска инфраструктура не може да издржи ваков удар, ИВЗ повикува да не се гради на место каде некогаш имало гробишта а опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека зад целиот проект се крие криминал во интерес на власта и на сомнителен бизнисмен.

Погледнете ја ова истражувачка сторија на 360 степени.