Македонија 22. февруари 2021. / 16:11

(ВИДЕА) Николоски е човекот кој прв го објави дилот помеѓу Мијалков и Заев уште во 2018-та

(ВИДЕА) Николоски е човекот кој прв го објави дилот помеѓу Мијалков и Заев уште во 2018-та

Допрва ќе се дознаваат повеќе информации околу тоа дали бегството на Сашо Мијалков од Македонија претставува политички договор помеѓу Зоран Заев и екс директорот на УБК, но изјавите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кои датираат од 2018-та година откриваат дека тој веќе предупредил на вакво случување.

Во изјава за медиумите од 23-ти октомври 2018-та година, потпретседателот на партијата Николоски истакна дека на тој ден се одржала „историска седница на Централниот Комитет“, на која „се исчистило лошото и се избистрило доброто“. На таа седница, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за прекин на членството и исклучување од партијата на Сашо Мијалков, Митко Јанчев и Никола Тодоров.

Николоски пред медиумите, ги обвини исклучените Мијалков, Тодоров и Јанчев дека биле „ударните тупаници“ на владата во убедувањето на седумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени и ја честиташе, како што рече, „новата криминална коалиција на Зоран и Вице Заеви со Сашо Мијалков.

Целата изјава на Николоски во која тој ги предвидува случувањата кои се денеска во центарот на вниманието, можете да ја погледнете на Јутјуб каналот на „Макфакс“.

Изјавата на Николоски од пред речиси 3 години не се разликува многу со онаа која ја даде денеска на прес-конференција, а сега останува на надлежните да соберат доволно докази, да го истражат случајот поврзан со бегството на Сашо Мијалков и да ги проверат овие очигледни тврдења.