Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денескка имаше средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо, соопштија од СЕП.
Вицепремиерот Димитров, при ова средба изразил задоволство од одличната соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања, како национална институција задолжена за координација на странска помош со Амбасадата на НР Кина, како и со Канцеларијата за економска и трговска соработка при Амбасадата на НР Кина. Од почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид-19, Кина и Македонија имаат блиска соработка во справувањето со последиците, првенствено од здравствен, но и од економски аспект.
На средбата е разговарано и за спроведувањето на кинеската поддршка за одобрени проекти во износ од околу 14 милиони евра за кои веќе се потпишани договори, односно средствата ќе бидат искористени за подобрување на здравствените и социјалните услуги, опремата за Лабораторијата за молекуларна биологија и реализација на проектот за е-образование во втора фаза.
Во следниот период акцентот на развојната соработка ќе биде ставен на здравството и економското закрепнување од пандемијата, информираат од СЕП.