Македонија 25. јануари 2021. / 07:58

Вицепремиерот Димитров и министерот Османи во посета на Брисел

Вицепремиерот Димитров и министерот Османи во посета на Брисел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска ќе престојуваат во работна посета на Брисел.

Тие во Брисел ќе остварат средба со министер за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Како што соопштија од владината Прес-служба, во рамки на посетата предвидени се средби на Димитров и Османи и со претставници на институциите на ЕУ.

На маргините на заседанието Советот за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денеска, планирани е Димитров и Османи да имаат билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.