Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски беше најхрабар и ја обелодени т.н. коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.
Иако Николоски очекувал за тоа да добие тужба, тоа не се случи, со што на некој начин, братот на премиерот, Вице Заев ја потврдува криминалната коалиција со поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.
– Судскиот спор е за сосема различна работа. И јас мислев дека ќе добијам тужба за таа работа, но не добив, што очигледно потврдува дека одлуките на ЦК биле точни. – рече Николоски и додаде дека таа коалиција граѓаните ја гледаат секојдневно.
Сепак, Вице Заев поднесе тужба до Николоски за изјавата дека тој станува главен бизнис фактор во државата.
– Со Вице сме на суд за возможна клевета, која што тој вели дека постоела. Ме тужи затоа што сум кажал дека ‘братот на премиерот, а тој се препознава во тоа, станува главен бизнис фактор во државава’. – кажа Николоски и додаде дека тоа е факт.
Доколу пресудата е да му се плати на Вицето, Николоски вели дека ако му дошло него до 500 евра, со здравје да си ги троши.
Потпретседателот, сепак, очекува судот да донесе правична одлука, односно да ја заштити слободата на говор, како врвно демократско право.
Инаку за потсетување Вице го тужи Николовски за телефонско јавување во телевизијата 1тв, каде Николоски рекол дека Вице и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.
Ваквата изјава според тужбата, кај Вице Заев резултирала со чувство на вознемиреност, напнатост и намалено расположение, пропратено со вегетативна симптоматологија, потење и црвенило на лице кое што предизвикало силна душевна болка кај него.
Погледнете го целото интервју, а конкретните изјави на Николоски започнуваат од 34. минута: