Македонија 25. октомври 2018. / 14:40

Вице Заев јавно му се закани на Александар Николоски: Имаш три дена…

Вице Заев јавно му се закани на Александар Николоски: Имаш три дена…

Преку провладината 1ТВ, братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, му се закани на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, поради тоа што на прес-конференција ја честиташе новата криминална коалиција во Република Македонија Зоран Заев-Вице Заев и Сашо Мијалков. Вице во интервјуто за телевизијата вели дека Николоски има три дена да го докаже тоа што го кажал, во спротивно ќе претрпи последици.

На прашањето како ги коментира изречените квалификации на Николовски искажани после седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржана по гласањето на Собранието на РМ за отварањето на уставни измени, кога ја честиташе „новата криминална коалиција во РМ Зоран Заев-Вице Заев и Сашо Мијалков“, братот на премиерот одговори:

Во недостиг на демократски капацитет и личен морален кредибилиет, а со цел да се релативизира фактот на антагонизмот кон ЕУ и НАТО, раководството на ДПМНЕ перманентно изминатиот период ја труе македонската јавност со прозивки на моето име во разни негативни конотации врзани за незаконски дејанија. Ваквиот случај е последниот со изнесените невистини од страна на потретседателот на оваа партија, Александар Николовски за 1ТВ, рече Вице.

На прашањето дали нешто ќе преземе за јавните прозивки, братот на премиерот вели дека ќе поднесе тужба.

Барам кажаното во емисијата да го докаже на начин што сите евентуални докази ке ги поднесе до јавното обвинителство, а доколку не го стори тоа во рок од три дена, ќе сметаме дека докази нема и дека сето тоа е измислица, па според тоа ќе поднесам тужба за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета – истакна Вице Заев.

Од 1ТВ го запрашаа што мисли за тоа дека за него се говори дека сте „новиот Сашо Мијалков на СДСМ“.

Не гледам како може да се направи било каква споредба меѓу мене и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Ниту сум избран и именуван функционер, ниту имам некаква функција. Јас сум бизнисмен и со години работам во приватниот сектор. Моите фирми не учествувале на јавни тендери во изминативе години,а најмалку во последните неполни две години во кои мојот брат, Зоран Заев е претседател на Владата на Република Македонија – одговори братот на Заев.

Извор: 1тв