Македонија 26. февруари 2019. / 14:38

Вице Заев излажа пред судот: Кажа дека поседува само две компании, за потоа да се побие

Вице Заев излажа пред судот: Кажа дека поседува само две компании, за потоа да се побие

Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, на денешното рочиште против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на прашање поставено од Николоски колку компании поседува прво кажа дека директно поседува само две компании „Тотал Инженеринг“ и „Тотал Електрик“, за потоа на следно прашање да одговори дека заедно со други партнери е директен сопственик на уште неколку други компании.

– Но таму не сум единствен сопственик. Има и други партнери. – рече Заев пред судот.

Во истовреме братот на премиерот откри дека иако не е сопственик, уште од 1996 година е вработен во штедилницата „Пеон“, но се наоѓа и во управните одбори на други компании на Заеви. Во процесот се споменуваше и бизнисот на Заеви со одгледување на марихуана.

– Тоа не е мој бизнис, туку бизнис на поширокото семејство. Таму се наоѓам само во управниот одбор. – рече Вице Заев.

По рочиштето Николоски изјави дека Заев признал дека е сопственик на повеќе компании од она што е познато во јавноста.

– Втора работа која што се утврди на ова рочиште е дека Вице Заев е сопственик на повеќе компании од она што е познато во јавноста. Имено самиот кажа дека е сопственик на две компании, за после тоа самиот да се демантира дека е сопственик на уште неколку компании, ама таму имал по 20 и нешто проценти, што повторно го прави сопственик. – кажа Николоски.

На телевизиските камери и на фоторепортерите не им беше дозволено да влезат во судницата. Судењето го следеа само новинари.

Адвокат на Вице Заев беше неговиот братучед Горан Заев.