Македонија 26. февруари 2019. / 16:23

Вице со адвокат, а Александар сам: Правно ги растури

Вице со адвокат, а Александар сам: Правно ги растури

И на денешното рочиште потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во граѓанската парница која против него ја води Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, се бранеше без адвокат.

За разлика од него Вице Заев беше застапуван од адвокатот Горан Заев, кој му е братучед.

Николоски вешто ја искористи приликата што нема адвокат, па тој му го вршеше распитот на Заев. Во распитот тој успеа од устата на тужителот да ги извлече двата аргументи кој целосно ја побиваат тужбата: 1. дека Вице Заев е јавна личност, 2. дека тој го шири бизнисот за време на владеењето на неговиот брат.

На крајот од рочиштето адвокатот на Заев побара повлекување на крунскиот доказ со кој тужителот тужи – снимката од телефонското јавување на Николоски во 1ТВ, во кое тој вели дека Вице Заев станува главен бизнис фактор во земјата – но, Николоски инсистираше снимката да се разгледа на следното рочиште, иако и самиот има процедурална можност целосно да ја оспори.

Како што кажа, и покрај тоа што без снимката не би можело да се донесе пресуда против него, Николоски инсистира истата да се изнесе пред судот за да докаже дека во изјавата не изнел клевета.

– Иако јас се бранам сам, а од другата страна господинот Заев го брани адвокат, не би сакал да навлегувам во стручноста на адвокатот, но видовте и самите на крајот дека доколку сакав да го отфрлам клучниот и крунски доказ, а тоа е цедето на кое што сум ја дал изјавата, а без тоа цеде практично нема судење и доколку дадев предлог судот ќе мораше да го прифати затоа што процесно сум во право, јас одлучив тоа да не го правам, со цел истото да може да биде изведено на следното рочиште и да се докаже дека сум во право. – изјави Николоски.