Македонија 31. јануари 2019. / 10:57

Вице не сакал медиуми на рочиштето на кое се соочува со Николоски

Вице не сакал медиуми на рочиштето на кое се соочува со Николоски

Соочувањето помеѓу Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, и Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде зад затворени врати, односно недостапно за јавноста, пишува „Фокус“

Бизнисменот Заев не дал согласност медиумските екипи да го снимаат и фотографираат рочиштето за тужбата за клевета против Николоски.

Според информации од основен Суд Скопје 2, дел од медиумите побарале дозвола да се сними почетокот на рочиштето закажано на 26ти февруари. Законот налага, граѓанскиот суд да побара согласност од двете страни вклучени во постапката, но Вице Заев не дал согласност.

На 16 јануари во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвително рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев оротив еден од највлијателните членови на најголемата опозициска партија.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одлучи сам да се брани во судскиот процес што пред Граѓанскиот суд во Скопје против него го покрена бизнисменот Вице Заев, за нарушена чест и углед за што бара оштета од 500 евра.

-Вице Заев мене ме тужи за нарушен чест и углед, а не се појавува на рочиште. Решив да се бранам сам затоа што тужбеното барање е нон сенс и политички притисок. – рече Николоски.

Заев го тужи Николовски за телефонско јавување во телевизијата 1тв, каде рекол дека про-НАТО и про-ЕУ не се наместени тендери и дека благодарение на нив, Вице Заев станал бизнис фактор во државата.

Ваквите изјавим според тужбата, кај Вице Заев резултирале со чувство на вознемиреност, напнатост и намалено расположение, пропратено со вегетативна симптоматологија, потење и црвенило на лице кое нешто предизвикало силна душевна болка кај него“.

– Ако му дошло на Вице Заев до 30.000 денари, тогаш со здравје нека си ги троши. – рече пред две недели Николовски, повикувајќи се на член 16 од Уставот со кој се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, како и слобода на јавен настап.