Македонија 16. август 2018. / 13:01

Венко Филипче: Не сум одговорен за јавните набавки во болниците

Венко Филипче: Не сум одговорен за јавните набавки во болниците

Министерот за здравство Венко Филипче се оградува од тендерите на скопската Клиника за хематологија и Клиниката за онкологија.

– „Тоа е одговорност на менаџерот, на директорот, тоа е одговорност на целокупниот менаџерски тим на самата Клиника или било која друга јавно-здравствена институција којашто прават планови за набавки врз основа на бројот на пациенти и врз основа на потребните лекови. Буџетите се големи заради тоа што се скапи лековите и заради тоа што таму се лечат пациенти коишто страдаат од многу тешки болести. Ние ги побаравме документите после објавувањето на тие постапки во јавноста. Ги побаравме сите документи од анти-корупциската комисија, се консултиравме со луѓе и од други институции, како што е финансова полиција, итн. Доколку е потребно ќе ги преземеме сите мерки коишто се во наша надлежност. Досега немаше некоја недоследност во работењето, ниту на Клиниката за хематологија, ниту на Клиниката за онкологија за којашто излегоа двете постапки, истакна Филипче, пренесе Фокус.