Македонскиот министеро за здравство, Венко Филипче, изјави дека родителите кои не се придружуваат до препораките на Министерството во услови на прогласена епидемија, како што е овој случај со морбилите, можат да бидат и кривично гонети.
Филипче објаснува дека согласно правилникот за имунизација, кога не постои епидемија родителите имаат обврска да ги вакцинираат децата и таа потврда да ја донесат при упис во градинка. Доколку не го направиле тоа, им се заканува казна која се движи помеѓу 300 и 600 евра.
-Кога има период на епидемија постои можност за кривична одговорност до родителите доколку не се придружуваат до препораките кои ги даваме, а се загрозува јавното здравје. Мора луѓето да сфатат дека ова е ситуација која може многу лесно да ескалира, можат да се јават исклучително многу заболени. Следниот период од 2 недели кога завршува инкубацијата на последните примени деца, ќе биде знак дека нема нови заболени и ќе прогласиме дека нема повеќе епидемија. Потоа ќе продолжиме со кампања за подигање свест кај јавноста дека вакцините не се штетни и каква заштита нудат – рече Филипче во гостување на „1ТВ“.