Македонија 26. ноември 2020. / 19:53

Венетски: Срамота е Заев да тврди нешто што е надвор од умот

Венетски: Срамота е Заев да тврди нешто што е надвор од умот

Прв пат слушнав како луѓето од Социјалдемократскиот сојуз и нивните блиски, првпат слушнав некои од медиумите блиски до власта да се огласат и да го осудат она што Заев го направи, истакна Дардан Венетски при своеото гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Венетски додаде дека СДСМ откако е на македонската политичка сцена влече антимакедонски ставови кои наштетуваат на државата.

 Не ме изненади изјавата на Заев, се очекуваше одамна тоа го зборувам и во емисиите, одамна врие се гледаше во таа партија. Меѓутоа луѓето не се охрабруваа. Но оваа последна изјава на Заев очигледно ја премина црвената линија која што ја немаме утвредено. За жал ја немаме. Народот беше свесен одамна со месеци, со години бара утврдување на македонските црвени линии со кои што ќе им се врзат рацете на слободоумните политичари кои што сакаат се да раздаваат и да распродаваат, појасни Венетски.

Венетски посочи дека срамота е Заев да тврди нешто што е надвор од умот. Заев после изјавата од вчера не заслужува името да му се спомене.