Македонија 07. мај 2020. / 11:45

Венецијанска комисија препорачува Владините уредби да престанат да важат по завршувањето на вонредната состојба

Венецијанска комисија препорачува Владините уредби да престанат да важат по завршувањето на вонредната состојба

Венецијанската комисија препорачува сите земји кои имаат вонредна состојба и каде што Владата наместо Собранието носи уредби со законска сила, тие уредби да престанат да важат по враќање во нормалната состојба.

Во тој дел Венецијанската комисија е јасна е и наведува дека уредбите „треба да го изгубат својот правен ефект во моментот на престанокот на вонредната состојба“.

Пренесено во во Македонија, тоа значи дека сите уредби донесени од Владата за време на вонредната состојба треба да престанат да важат се додека идното Собрание по изборите не ги разгледа и евентуално усвои со што тие ќе станат закони.

Ова може да биде проблематично со оглед на тоа што Владата во овој период беше на удар дека носи уредби кои немаат никаква врска со справување на последиците од корона-кризата. За потсетување, при прогласувањето на вонредната состојба, претседателот Стево Пенаровоски изјави дека се носи вонредна, а не воена состојба за да може Владата да итно да носи уредби кои ќе помогнат да санираат последиците од епидемијата на корона вирусот.

Но, наместо само корона-мерки Владата во овие два месеци донесе уредби за извоз на дијаманти, за минерални суровини, за увоз на возила, за онлајн обложувалници, за плати на поранешното СЈО. Сето ова на никаков начин не е поврзано со корона-кризата.

А, дека уредбите треба да бидат на „стенд бај“  стои и во членот 126 од Уставот. Таму се наведува овластувањето на Владата да донесува уредби трае до завршувањето на вонредната состојба.

Претседателот Пендаровски на 16 мај треба да одлучи дали повторно, по третпат ќе прогласи вонредна состојба.