На денешната собраниска седница се обратија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов , Александар Велјановски и Петар Ристески, кои говореа за новата програма на владата која како што велат нема конкретни проекти да понуди за граѓаните, вреди колку што вреди зборот на Заев и е збир на нереални ветувања.
Ефтимов вели дека ако компаративно се разгледаат програмите од 2016 година и сега новата програма на владата, ќе се увиди дека нема ниту еден конкретен проект од којшто ќе произлезе нешто ново за граѓаните.
Во 2016 година ветивте генерален реизбор на судиите, но тоа не се случи, ниту пак оваа влада ќе го реализира, единствена намера која ја имавте е да се изврши директно влијание, ги ставивте под своја капа и ги создадовте Кацарска судството за свои партиски и лични интереси, формиравте Совет за реформи на чело со Заев, но набрзо ве оставија и правните експерти, па велеа дека е декор на владата, отколку тело за реформи, посочи пратеникот Ефтимов.
Тој додаде дека неуспешноста во реформите во судството како многуте релевантни меѓународни извештаи, како извештајот на Фридом хаус, кои не нотираа како хибриден режим, со висока политизираност во судството, тој праша до каде се процесите за Рекет и случајот за Ден Дончев.
Пратеникот Александар Велјановски посочи дека програмата на коалицијата вреди колку што вреди зборот на Зоран Заев, а кога Зоран Заев ветува сите знаат дека лаже, па по тоа програмата е збир на нереални ветувања и полна со недоречености и грешки.
Ни во предходната програма немаше ништо за расподажба на името, ни за договорите, а наместо да се решат проблемите, наметнавте нова реалност , денеска Македонија е земја без млади луѓе, со огромна невработеност, се ветуваа болници, а еден клинец не е ставен, се ветуваше намалување на струјата, а се покачи цената на струјата за 7%, со што се испумпуваат 20 милиони евра од граѓаните на Република Македонија, вели Велјановски.
Велјановски посочи дека се вети подобар живот, но во Тетово нема една инвестиција иако мандаторот вети дека ќе го рестартира Југохром, а стотици семејства останаа на улица со затворањето на Тетекс, а и многу други капацитети се пред затворање, вели Велјановски.
Пратеникот Петар Ристески, истакна дека во новата програма се ветува економски бум и економски раст од 4 %, зголемување на платите, намалување на даноците, намалување на невработеноста за 3%, но луѓето кои сега ќе ги држат економските ресори пред некое време мандаторот ги нарекуваше криминалци и зборуваше за нив дека треба да одат во опозиција дека умот им е во тендери и провизии, а ДУИ нема екомска програма.
Како сега ќе правите економски бум со луѓе кои немаат економска програма? – праша Ристески.