Македонија 09. ноември 2019. / 19:16

Вељаноски: Се бараше да ја почитуваме програмата и волјата на народот, а гласачите знаат кој ја продаде нивната волја

Вељаноски: Се бараше да ја почитуваме програмата и волјата на народот, а гласачите знаат кој ја продаде нивната волја

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски на Фејсбук објаснува дека од сите кандидати за пратеници на ВМРО секогаш било барано да прифатат два принципи.

Првиот, да ја почитуваат изборната програма врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни пратеници. И второ, да ја почитуваат вољата на народот изразена на законски организиран референдум. Секој пратеник за себе, но и гласачите, најдобро знаат кој ја оправдал довербата на народот, а кој ја продал вољата на гласачите за три сребреници – напиша Вељаноски.