Македонија 17. јуни 2018. / 21:50

Вечерва пред Собрание протест против Договорот со Грција (ФОТО + ВИДЕО)

Вечерва пред Собрание протест против Договорот со Грција (ФОТО + ВИДЕО)

Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Толпата го блокираше булеварот „11 Октомври” пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.

Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факели кон полицискиот кордон.

Учесниците во протестот извикуваат пароли „Македонија, не го даваме името” и пејат патриотски песни.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.