Македонија 29. декември 2020. / 11:12

Василевски: Руската и кинеската вакцина заостануваат зад Фајзер и Модерна

Василевски: Руската и кинеската вакцина заостануваат зад Фајзер и Модерна

Денеска гостин во „Утро со Златев“ беше Стефан Василевски, доктор по општа медицина кој има широки познавања и во областа на политиката. Тој е неколку кратен стипендист на најголемите светски самити во полето на здравството организирани од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и слично.

Со Василевски денеска се дискутираше на темата вакцинација, а според него Фајзер и Модерна имаат многу поефикасен модел.

– Фајзер и Модерна користат најнова метода на достигување во науката за вакцини, со 95 отсто ефикасност. За разлика и нив, за руската вакцина до декември немаше соодветни информации за безбедноста и ефикасноста, како и процесот во рана фаза. Дополнително, вакцината Астра-Зеника која функционира на ист модел како руската „Спутник V“ покажува ефикасност од 60 отсто, вели Василевски на утрешното гостување на Радио Лидер.

Тој додаде дека и за кинеската вакцина нема доволно податоци, а ниту прелеминарните информации не беа објавени до декември.

Неговиот став околу ефикасноста на вакцините може да го погледнете во продолжение.