Денеска гостин во „Утро со Златев“ беше Стефан Василевски, доктор по општа медицина кој има широки познавања и во областа на политиката. Тој е неколку кратен стипендист на најголемите светски самити во полето на здравството организирани од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и слично.
Василевски зборуваше на тема вакцинација и го кажа ставот на десните влади ширум светот на оваа тема.
– Десницата во новата [не]нормалност мора да цели кон политика ориентирана спрема реалност, а не ботови на социјални мрежи. Како лекар, ќе кажам дека помеѓу приоритетите на десницава во моментов треба да е цврст „про-вакцина“ став притоа запазувајќи ја слободата на избор на граѓанинот во однос на вакцините за КОВИД-19. Кој сака – да се вакцинира, кој не – не мора. Сепак, потребна беше но и сè уште е, масовна кампања од едукативен карактер за вакцините бидејќи тие се можеби најдоброто откритие во медицината заедно со антибиотиците, вели Василевски.
Тој го кажа и неговиот став на оваа тема.
– Нема простор за „калкулантска“ политика за вакцини. Јасен став: ПРО-ВАКЦИНА!, потенцира Василевски
Владите на Израел, САД и Велика Британија силно се одвојуваат од остатокот во светот во своето лидерство на тема вакцинација на население. Тоа може јасно да се види од табелата која е споделена и од самиот премиер на Израел, Нетањаху.
Целото видео од гостувањето на Василевски може да го погледнете тука.